Почнува изградбата на новиот објект на Штипската болница

03.03.2016 11:48

Станува збор за изградба на нова најсовремена Клиничка болница во Штип, според врвни светски стандарди со најмодерна и најквалитетна здравствена инфраструктура во Македонија.

Министерот за здравство, Никола Тодоров, денеска ќе присуствува на поставување камен темелник за изградба на нов објект на Клиничката болница во Штип.

Станува збор за изградба на нова најсовремена Клиничка болница во Штип, според врвни светски стандарди со најмодерна и најквалитетна здравствена инфраструктура во Македонија.

Изградбата на новиот објект ќе овозможи современи услови за здравствена заштита за над 200.000 жители од градот Штип и целиот Источен регион, кои ќе имаат директен бенефит од изградбата на новиот објект, соопшти Министерството за здравство.