Почина академик Томе Серафимовски
Серафимовски има создадено над 550 скулптури во бронза, мермер, оникс и дрво. Реализирал и 40-тина споменици и спомен- обележја кои се наоѓаат на просторите на Република Македонија, на поранешна Југославија и во светот.

На 80-годишна возраст денеска во Скопје почина академик Томе Серафимовски, познат македонски скулптор. Македонската академија на науките и уметностите на 7-ми март ќе одржи комеморативна седница во 12 часот.
Серафимовски има создадено над 550 скулптури во бронза, мермер, оникс и дрво. Реализирал и 40-тина споменици и спомен- обележја кои се наоѓаат на просторите на Република Македонија, на поранешна Југославија и во светот.
Неговите дела се наоѓаат и во повеќе приватни и јавни колекции, во галерии и во музеи, како и во многу други институции во светот.
Во текот на 60-годишното активно творештво, Серафимовски учествувал на околу 300 групни изложби, а реализирал 40 самостојни изложби во земјата и во странство.
Погребот ќе се изврши во недела на градските гробишта во „Бутел“ во 12 часот, а посмртните останки ќе бидат изложени во капелата во Бутел од 11 до 12 часот.
