Албанија распореди полиција на граничните премини
Околу 450 припадници на специјалната полициска единица за брзи интервениции од Тирана, Скадар и Фиер, лоцирани се на граничните премини Ќафасан на границата со Македонија, кај Струга, како и Капштица и Три Моста кај Корча, како и премините Какавија и „Ќафа е ботас“ кај Ѓирокастро, на границата со Грција.

Поради можноста бранот бегалци да се пренасочи од Грција кон Албанија, албанските власти блиндираа пет гранични премини кон Македонија и Грција, јави електронското издание на весникот „Шекули“.
Околу 450 припадници на специјалната полициска единица за брзи интервениции од Тирана, Скадар и Фиер, лоцирани се на граничните премини Ќафасан на границата со Македонија, кај Струга, како и Капштица и Три Моста кај Корча, како и премините Какавија и „Ќафа е ботас“ кај Ѓирокастро, на границата со Грција.
Полициските патроли постојано патролираат долж границата, и се во состојба на готовност и ја надгледуваат ситуацијата за евидентирање на секој случај на нелегално преминување од страна на сириски имигранти. Бидејќи соседните земји, Грција, Македонија и Бугарија ги затворија границите за бегалците постои опасност тие да ја сменат рутата кон Албанија, пишува весникот „Шекули“.
