МВР: За 24 часа издадени 458 потврди за азил
Според државјанството, потврди се издадени на 357 државјани на Сирија и 101 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан.

Во изминатите 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 458 странски државјани, од кои 174 од машки и 108 од женски пол, како и на 173 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и уште три деца кои патуваат без придружба на родител, соопшти МВР.
Според државјанството, потврди се издадени на 357 државјани на Сирија и 101 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан.
Од почетокот на годинава издадени се потврди на вкупно 88.328 странски државјани, од кои 34.991 се од машки пол, 19.295 се од женски и 33.824 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 218 деца кои патуваат без родител. Најбројни се државјаните на Сирија- 43.622, Авганистан- 26.546 и Ирак- 18.157.
Во истиот период до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле 29 лицa (22 од Сирија и седум од Авганистан) врз основа на претходно издадена потврда.
