Хојт Ји на средба со претседателот Иванов

03.03.2016 13:04

Хојт Ји посетата ја почна претпладнето со средби со лидерите на ДПА и ДУИ, Тачи и Ахмети, во Aмбасадата на САД во земјава. Во фокусот на средбите била потенцирана неопходноста од одржување фер и демократски избори...

Заменик- помошникот државен секретар во американскиот Стејт Департмент, Брајан Хојт Ји, е во посета на Република Македонија. Во тек е средбата на заменик- помошникот на државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Хојт Ји, со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов. Се очекува на средбата да стане збор за актуелната политичка ситуација во Ммакедонија, како и за спроведувањето на договорот од Пржино.

Хојт Ји посетата ја почна претпладнето со средби со лидерите на ДПА и ДУИ, Тачи и Ахмети, во Aмбасадата на САД во земјава. Во фокусот на средбите била потенцирана неопходноста од одржување фер и демократски избори, како и исполнување на јунско-јулскиот договор.