Курц: Грција да го запре преминување на бегалците кон север

03.03.2016 13:08

Курц смета дека отворањето на европските граници во септември минатата година по заедничката одлука на Австрија и Германија било „голема грешка“...

Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц ја повика Грција да престане да им дава дозвола на бегалците, кои пристигнуваат на нејзина територија, да го продолжуваат патот кон северна Европа.

Наместо тоа, тој предожи Атина да ги згрижи во т.н. „критични точки“. Курц смета дека отворањето на европските граници во септември минатата година по заедничката одлука на Австрија и Германија било „голема грешка“, која треба мошне брзо да биде исправена.