И помалите земјоделци до европски пари со ИПАРД 2
Од почетокот на втората половина на годинава започнува новата ИПАРД 2 програмата. Со неа преку мерката 101 за прв пат ќе можат да аплицираат и полеоделците кои обработуваат до еден хектар површини. Со новиот повик се зголемува процентот на поврат на почетната инвестиција, чиј минимум е 3.000 евра. Во следните четири години фондот изнесува 60 милини евра.

И најситните земјоделци добиваат шанса да аплицираат за европските фондови. Усвоените измени на новата ИПАРД 2 програма која стартува на почетокот на втората половина на годината, преку мерката 101 за прв пат ги опфаќаат и производителите на поледелски култури до еден хектар.
Иако има уште неколку месеци до јавниот повик, младиот земјоделец Рафид со неговиот татко Ремзи, од прилепското село Десово во продажните салони веќе разгледуваат дел од земјоделската механиџзација. Велат, цел живот се занимаваме со земјоделие оваа новина ни дава можност конечно и ние да аплицираме.
„Досега не ги исполнувавме условите, сега со новите измени не ја испуштаме шансата, ќе аплицираме за земјоделска механизација. Ни треба обновување“, вели младиот земјоделец од прилепското сел Десово, Рафид Кукуљац. „Дамнешна желба ни е, ако успееме ќе набавиме нов трактор и балирачка“, вели таткото Ремзи Кукуљац.
Новата ИПАРД 2 програма за следните четири години на располагање ќе стави окулу 60 милиони евра. Атрактивна е и по тоа што се зголемува и процентот на повраток на почетната инвестиција, чиј минимум е 3.000 евра.
„Сега процентот на повраток од 50, се зголемува на 60 проценти, исто така за млад земјоделец ќе изнесува 65 проценти, а за места со над 700 метри надморска висина, ќе се зголеми за дополнителни 10 проценти“, вели директорот на АПРЗ- Битола, Игор Златков.
Освен за механизација, која е најатрактивна за земјоделците, ќе може да се аплицира за изградба на преработувачки и откупни капацитети и угостителско- туристички капацитети во руралните места. Икуството од минатото и податокот дека само на минатиот повик од националната програма аплицирале над три илјади земјоделци, и уште над илјада како млади земјоделци, докажуваат дека со забрзана динамика земјоделците ги обновуваат возните паркови.
Стевче Митревски
