Претставени можностите за студирање во Русија
Оние кои веќе студирале во Руската Федерација велат дека добиле огромно искуство и квалитетно образование кое им помогнало да напредуваат во кариерата.

Триесет македонски студенти ќе имаат можност да се образуваат на најпрестижните државни универзитети во Русија. Се доделуваат целосни стипендии за прв, втор и трет циклус на студии. Претставници од Руската амбасада ги објаснија можностите за студирањето во оваа земја. Велат, позанвањето на рускиот јазик и стекнатото образование ќе ги направи студентите барани на пазарот на труд и во Македонија и во Русија.
Оние кои веќе студирале во Руската Федерација велат дека добиле огромно искуство и квалитетно образование кое им помогнало да напредуваат во кариерата.
Конкурсот за руските стипендии ќе трае до 20-ти март, а резултатите ќе бидат познати најдоцна до август. Кандидатите треба да исполнат неколку услови, а самите универзитети ќе ја донесат одлуката кој ќе добие стипендија.
Викторија Mилевска
