Турција: Убиени жените што нападнаа полициска станица
Двете жени биле блокирани во една зграда во близина додека се обидувале да избегаат. Нивниот идентитет за сега е непознат.

Турската полиција ги уби двете жени коишто денеска нападнаа полициска станица во предградие на Истанбул. Жените фрлиле неколку бомби врз зградата и потоа отвориле оган, по што следувал судир со полицијата. Во нападот нема други загинати.
Двете жени биле блокирани во една зграда во близина додека се обидувале да избегаат. Нивниот идентитет за сега е непознат.
Се уште ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот, но познато е дека во последно време во Истанбул се случуваат напади за кои одговорноста ја преземаат или Курдските бунтовници или припадниците на вооружената групација Исламска држава.
Освен овој инцидент, тројца турски војници загинаа во четвртокот изутрина за време на судири со припадниците на организацијата на Работничката партија на Курдистан во југоисточната провинција Мардин, соопштија од државните воени сили.
Генералштабот на вооружените сили на Турција наведе дека за време на операцијата во Мардин освен тројцата војници убиени се и „осуммина припадници на терористичката организација ПКК“.
Марина Автовска
