Кривични пријави за напаѓачите во „Казабланка“

03.03.2016 15:52

Како што соопшти МВР, по сослушувањето, Е.Б. и А.Е. се лишени од слобода, па ослободени со обврска утре да се јават кај Јавниот обвинител.

Полицијата денеска ќе поднесе кривична пријава против Е.Б., А.Е. и А.Б. поради основано сомневање дека сториле кривично дело „насилство“. Тие се товарат за физички напад на Т.П., во угостителскиот објект „Казабланка“, на 27 февруари годинава.

Како што соопшти МВР, по сослушувањето, Е.Б. и А.Е. се лишени од слобода, па ослободени со обврска утре да се јават кај Јавниот обвинител.

Овие и уште неколку лица денеска беа сослушани во полициската станица „Бит Пазар“. Изјавиле дека на 27 февруари буле присутни во угостителскиот објект каде што се случил кривичниот настан.

Во присуство на Јавен обвинител, извршено е соочување меѓу Т. П и Е. Б. (32), А. Е. (37), Б. Љ. (28) и Х. А. (34).  Притоа,  Т. П. ги посочил Е.Б. и А.Е. како лица кои биле во групата која физички го нападнала на 27 февруари во „Казабланка“ заедно со А.Б.