МРТ: СДСМ да ја каже методологијата на мерењата

03.03.2016 17:28

СДСМ обвини - долговите на МРТ се потврда оти работата на јавниот сервис како партиско гласило на ВМРО-ДПМНЕ е неодржлива...

Македонската телевизија ја потсетува СДСМ дека вести има во 15 часот и прв Дневник во 17 часот, а не во 15 и 30 и 17 и 30 – термини во кои опозициската партија ги врши мерењата. Сепак, МРТ ја повикува СДСМ да ѝ ја достави методологијата според која доаѓа до ваквите времиња и квалификации.

Според нашите податоци, во месец февруари, во централниот Дневник 2 во 19 и 30 часот во кој генерално се опфатени сите активности во денот, прилози за ВМРО-ДПМНЕ имало во времетраење од 2.602 секунди, за СДСМ 1.715 секунди, за активности на Владата со министри и заменици од ВМРО-ДПМНЕ- 5.361 секунда, а со министри и заменици на СДСМ- 1.119 секунди.

Во анализата треба да се имаат предвид бројноста на министрите во владата од одредена партија и нивните секојдневни активности.

Уредничкиот колегиум одговорно тврди дека во февруари нема ниту промотивни, ниту негативни прилози за која било партија. Прилозите се правени од проследени настани и изјави на претставници на владата и на партиите.