Иванов на конференција на ОБСЕ во Рим
04.03.2016 08:07
Претседателот Иванов е еден од главните говорници на конференцијата, која е посветена на безбедносниот аспект при справување со мигрантската криза...

Претседателот на Република Македонија денеска ќе престојува во работна посета на Италијанската Република, каде ќе учествува на безбедносната конференција на ОБСЕ, што ќе се одржи во Рим.
Претседателот Иванов, како што соопшти неговиот Кабинет, е еден од главните говорници на конференцијата, која е посветена на безбедносниот аспект при справување со мигрантската криза, инструментите за миграција и потребата од ревизија на безбедносниот пристап.
