Се губи разновидноста на хранта
Во светот се произведува сѐ повеќе еднолична храна. 75 проценти од земјоделските култури кои се користат во исхраната се веќе загубени, а на третина од добитокот му се заканува изчезнување.

75 проценти од растенијата кои се користеле за производство на храна во светот се изсчезнати. Во сточарството, според експертите, секој месец трајно се губат по 6 раси, а кај 30 насто од добитокот постои голем ризик од потполно исчезнување.
Во модерното производство,земјоделците најчесто решаваат да ги одгледуваат сортите и расите кои ги бара пазарот, со помали вложувања ипоголем приход.
Зачувување на сортите е задача на генетските банките.
Кај нас има три. Тие го одржуваат и чуваат семето во активна состојба, а годинава се планира и заштита на автохтоните сорти на растенија.
Методија Трајков
