Околу 12 илјади бегалци на Идомени
Според информациите од грчка страна, недостигаат лекови и храна за бегалците кои и натаму пристигнуваат од атинското пристаниште Пиреја, а потоа организирано со автобуси и такси возила се префрлуваат до јужната македонска граница.

И натаму е критична состојбата со околу 12-те илјади бегалците кои се распоредени на грчката страна од границата со Македонија. Според информациите од грчка страна, недостигаат лекови и храна за бегалците кои и натаму пристигнуваат од атинското пристаниште Пиреја, а потоа организирано со автобуси и такси возила се префрлуваат до јужната македонска граница.
Пропуштањето на бегалците низ земјава зависи од бројот на бегалци чиј влез треба да го дозволи Србија. Грција според најавите од Брисел, за распоредувањето на околу 100 илјади бегалци во земјата треба да добие половина милијарда евра.
