За 24 часа издадени потврди за азил на 316 мигранти од Сирија и Ирак
Според државјанството, потврди се издадени на 264 државјани на Сирија и 52 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан.

Во изминативе 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 316 странски државјани, од кои 111 од машки и 76 од женски пол, како и на 127 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и уште две деца кои патуваат без придружба на родител.
Според државјанството, потврди се издадени на 264 државјани на Сирија и 52 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан.
Од почетокот на годинава издадени се потврди на вкупно 88.644 странски државјани, од кои 35.102 се од машки пол, 19.371 се од женски и 33.951 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 220 деца кои патуваат без родител. Најбројни се државјаните на Сирија-43.886, Авганистан-26.546 и Ирак-18.209.
Во овој период до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле 29 лицa (22 од Сирија и седум од Авганистан) врз основа на претходно издадена потврда.
