Стејт Департмент: ИД подготвува напади во Европа

04.03.2016 12:11

Американскиот Стејт Департмент објави дека нападите можат да бидат извршени од екстремисти, неповрзани со исламистички групи кои паднале под нивно влијание.

САД располагаат со информација дека екстремистички групи како Исламска Држава и Ал Каеда планираат нови напади врз американски граѓани зад границите, вклучително и во Европа.

Американскиот Стејт Департмент објави дека нападите можат да бидат извршени од екстремисти, неповрзани со исламистички групи кои паднале под нивно влијание.

Тие истакнуваат дека високата опасност од терористички напади во Европа ќе се задржи, додека европски членови на Исламска Држава се враќаат од Сирија и од Ирак.

Досега биле спречени 75 заговори на Исламска држава врз западни земји.