Попоски за CNN: Не е решение поставувањето шатори на границата
Дали Македонија треба да постави шатори и на нејзината северна граница, праша Попоски во интервјуто за американската ТВ мрежа посветено на бегалската криза.

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски во интервјуто за СИ-ЕН-ЕН (CNN) синоќа изјави дека секоја држава е одговорна за својата територија. Попоски укажа дека соработката со Грција е подобрена, но не е решение поставувањето шатори на македонската граница.
Дали Македонија треба да постави шатори и на нејзината северна граница, праша Попоски во интервјуто за американската ТВ мрежа посветено на бегалската криза.
„Македонија е тразитна земја.Видовме неколку стотици илјади бегалци кои од Грција, минуваа преку Македонија до Германија, Австрија и други западно- европски држави. Во овие моменти е очигледно дека земјите кои во изминатите години прифаќаа голем број бегалци, воведоа рестрикции. Ограничувањата се однесуваат на капацитетот за прифаќање бегалци. Сега има одлука да се запре илегалната мигранција и да се осигура регистрација на излезот од Грција на оние кои имаат право да побараат азил. Значи, бројот на бегалци кои влегуваат во Македонија зависи од бројот на оние кои ќе бидат примени во западно- европските држави. Има консензус дека мора да ги ограничиме влегувањата и дека е потребна прераспределба на мигрантите меѓу земјите- членки. Сепак, ова не се случува. Сега најдобро решение е да и помогнеме на Грција, која е во тешка ситуација, како и да работиме со Турција за ограничување на бројот на влезови на европско тло. Ако не го направиме тоа, ќе имаме уште ден неуспешен обид, а тоа никој не го посакува“, рече министерот Попоски.
