Оланд: Напуштањето на ЕУ ќе има последици за Британија
04.03.2016 12:37
Францускиот претседател Оланд изјави дека Франција сака Велика Британија и понатаму да биде дел од унијата, но дека Париз нема да ги притиска британците во врска со ова прашање.

Франција ја предупреди Велика Британија дека евентуалното напуштање на ЕУ, нема да остане без последици за британците, особено во поглед на економијата и на имиграцијата.
Францускиот претседател Оланд изјави дека Франција сака Велика Британија и понатаму да биде дел од унијата, но дека Париз нема да ги притиска британците во врска со ова прашање.
Британскиот премиер Камерон минатиот месец изјави дека доколку Британија ја напушти ЕУ, лесно ќе се случи кампот кај Кале, или од некоја друга локација, да се преселат на британската страна од Ла Манш.
