Иванов: Неопходно е Грција што поскоро да се испразни од мигранти и бегалци
Што поскоро територијата на Грција да се испразни од мигранти и од бегалци, но не преку балканската рута, туку со воздушни коридори, порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов на безбедносната конференција на ОБСЕ што се одржува во Рим.

Мигрантската и бегалската криза постојано се продлабочуваат. Состојбата се менува од час на час. Неопходно е спречување на хуманитарната криза во Грција, но и регионална нестабилност на Балканот. Што поскоро територијата на Грција да се испразни од мигранти и од бегалци, но не преку балканската рута, туку со воздушни коридори, порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов на безбедносната конференција на ОБСЕ што се одржува во Рим.
Кризата не може да се реши само со политички декларации и бирократски постапки, туку мора да се насочи и управува со поддршка од безбедносните служби на земјата.
Претседателот Иванов во своето обраќање нагласи дека Македонија е подготвена за сите можни сценарија и ќе постапува онака како што постапуваат и другите држави долж бегалската рута, но и државите – крајни дестинации. Македонија сепак, нема пристап до базите на податоци на Европската унија, а слабоста на Грција да се справи со кризата ја усложнува состојбата, изјави Иванов.
