Шпанската полиција запленила 20.000 униформи за исламисти
04.03.2016 13:34
Униформите биле пронајдени во контејнери на пристаништата во Валенсија и во Аликанте.

Шпанската полиција запленила околу 20.000 воени униформи наменети за џихадистите во Сирија и во Ирак.
Униформите биле пронајдени во контејнери на пристаништата во Валенсија и во Аликанте.
Истовремено, плицијата разоткрила и операција на шверц на оружје на исламистите под маска на хуманитарна помош. Во акцијата се уапсени седум лица.
