„Брачна игра“ премиерно на 27-ми март во МНТ
„Брачна игра“ е театарски осврт на дилемите, има ли во бракот љубов, посветеност, меѓусебно внимание, почит или со тек на време тие избледуваат и преминуваат во вообичаена навика.

Претстава за конфликтите на една брачна двојка, како резултат на незадоволството и на недостигот од заемна и исполнета комуникација. Зборува за нивната љубовна врска и сите ситуации кои произлегуваат од односот меѓу сопружниците.
„Брачна игра“ е театарски осврт на дилемите, има ли во бракот љубов, посветеност, меѓусебно внимание, почит или со тек на време тие избледуваат и преминуваат во вообичаена навика.
„Брачна игра“ е една од најпознатите пиеси на Едвард Олби и еден од најпривлечните драмски текстови, чија популарност се изедначува со „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“, „Приказна од зоолошката градина“, „Американски сон“.
Премиерата на „Брачна игра“ е закажана за 27-ми март на малата сцена на Македонскиот народен театар.
Александра Перевска
