Индонезија: Потона патнички траект во близина на Бали

04.03.2016 14:56

Се уште трае потрагата по исчезнати лица, а според последните информации се трага по најмалку десетмина. Не е познато дали имало луѓе во внатрешноста на бродот кога потонал.

Повеќе од 50 луѓе се спасени од патнички траект којшто тоне меѓу индонезиските острови Бали и Јава. Спасувачките служби се обидуваат да утврдат дали се евакуирани сите патници и членови на екипажот.

Телевизијата „Метро“ го прикажа на страна превртениот брод „Рафаелија 2“ во мирните води во заливот на Бали, од каде што испловувал од пристаништето Гилманук и бил на пат кон Банјуванги во Јава.

Се уште трае потрагата по исчезнати лица, а според последните информации се трага по најмалку десетмина. Не е познато дали имало луѓе во внатрешноста на бродот кога потонал.

Властите изјавија во спасувачката операција вклучиле и хеликоптер, но лошите временски услови го спречуваат леталото да се приближи до местото на несреќата. Според шефот на полицијата во Бунјаванги, бродот носел 32 возила коишто потонале заедно со бродот.

Се уште не е позната точната причина за несреќата, но познато е дека овие бродови не се одржувани редовно и честопати пловат преоптоварени.

Во текот на годините, стотици луѓе загинале во несреќи со траекти во Индонезија.

Марина Автовска