Недостига вклученост на жената- политичар во извршната и во локалната власт
Колку понежниот пол е фактор на решение во земјава? Ако се суди според податоците анализирани по една декада од воведувањето на Законот за еднакви можности, во Законодавниот дом се исполнети поставените принципи. Но, недостига вклученост на жената- политичар во извршната и во локалната власт...

На почетокот на третиот милениум македонските жени ги имаше во политиката со само 6,6 процентна застапеност. Во 2006-та, по донесувањето на Законот за еднакви можности нивната застапеност стигна до 34 проценти, но пред сѐ во Законодавниот дом. Десет години потоа жените градоначалнички како и оние во извршната власт може да се избројат на прсти, образложи претседателката на собраниската комисија, Рангелова.
Тешки беа почетоците, особено при донесувањето на Законот. И сеуште состојбите не соодветсуваат на зацртаното во документите на Обединетите нации. Но, првата претседателка на македонското женско лоби, Лилјана Поповска, смета дека сепак се придвижуваме кон подобро.
Оценката е дека треба повеќе едукација на политичките субјекти да овозможат еднакви услови за сите во општетството. Во оваа прилика беше потенцирано да се избегнуваат политчките влијанија кога се во прашање жените и принципот на еднкави можности.
Фиљана Кока
