Хојт Ји: Има доволно време до 5-ти јуни
САД се стратегиски партнер на Македонија. Вашингтон како пријател ги следи сите аспекти за одржување на фер и демократски избори на 5-ти јуни. Доколку сите ги извршат своите обврски, не постојат никакви пречки за одржување на изборите во договорениот термин. Ова го изјави Брајан Хојт Ји, шефот на одделението за Европа и Евроазија во американскиот Стејт Департмент, по средбата со премиерот за спроведување на предвремените собраниски избори Емил Димитриев што се одржа во Владата на Република Македонија...

Се случија многу позитивни работи за излез од кризата - САД и ЕУ продолжуваат со поддршката за владата, партиите и инстуциите да можат да обезбедат изборите на 5-ти јуни да бидат слободни, фер и кредибилни. За тоа има доволно време и не треба да се бараат алтернативи, порача заменик- помошникот државен секретар на САД, Брајан Хојт Ји по средбата со претседателот на Владата за споревдување на изборите Емил Димитриев. Според америкснаксиот дипломат, кај партиите постои посветеност да се спроведе договорот од Пржино.
„Нема никаква причина за одлагање и да веруваме во таква можност. Наша цел е да работиме со властите да направиме сѐ што е возможно обезбедиме слободни и правични услови на 5-ти јуни. Веруваме дека има доволно време, доколку сите политички лидери, доколку медиумите, властите ги остварат задачите што ги имаат. Многу поважни се избирачкиот список, реформите во медиумите, создавањето услови за гласање отколку да се зборува за алтернатива“, изајви Хојт Ји.
Според него, важно е Владата и партиите да соработуваат со Специјалното јавно обвинителство, чија работа треба да биде неполитичка и независна.
„Имаме сознанија за напорите што досега се направени за спроведување на договорот. Партиите го разбираат важниот влог за Македонија да се исполни договорот. Не станува збор само за обврските што ги презедоа партиите за исполнување, како и ЕУ и меѓународната заедница, туку и за иднината на Македонија. Само со исполнет договор Македонија ќе може да го отвори следното поглавје за интеграција во Евро-атлантската заедница“, рече Хојт Ји.
Претседателот на Владата, Димитриев и Хојт Ји дале силна поддршка на активностите кои ги презема Државната изборна комисија во врска со прочистувањето на избирачкиот список за изборите на 5-ти јуни, при што Димитриев истакна дека постои соодветно време за спроведување на прочистувањето на избирачкиот список и посочил дека владата ги реализира сите потреби на ДИК- пишува во соопштението по средбата.
Хојт ји бил информиран дека Димитриев има испратено изјава и инструкција до сите носители на државни и јавни функции за превенција од влијание на било кој субјект при слободното одлучување на граѓаните на изборите.
Миле Ристески
