Четири години затвор за смртта на 3-годишниот Ајлан
Фотографијата со безживотното тело на детето со лицето свртено во песок го шокира светот. Ајлан патувал со својот татко, мајка и брат од Бодрум во Турција кон грчкиот остров Кос, кога нивниот брод се превртел. Преживеал само таткото на детето, чие безживотно тело стана симбол на бегалската криза.

50 месеци затворска казна добија двајца сириски шверцери поради смртта на тригодишното сириско момченце Ајлан Курди и за уште четворица. Судот ги прогласи за виновни за шверц со луѓе, но, ги ослободи од обвинувањето дека смртта ја предизвикале со намерно запоставување. Судењето на Мувафаки Алабеш и Асем Алфрад кои одрекоа секаква поврзаност со смртта на мигрантите почна уште на 11-ти минатиот месец во турскиот град Бодрум.
Фотографијата со безживотното тело на детето со лицето свртено во песок го шокира светот. Ајлан патувал со својот татко, мајка и брат од Бодрум во Турција кон грчкиот остров Кос, кога нивниот брод се превртел. Преживеал само таткото на детето, чие безживотно тело стана симбол на бегалската криза.
Турските власти велат дека во 2015-та година биле уапсени повеќе 4.400 шверцери на мигранти.
Судењата во Турција вообичаено траат со месеци, па дури и години, но, пресудата која доаѓа неполн месец по почетокот на судењето се чини како напор од страна на земјата да покаже дека активно работи на спречување на шверцот со луѓе, само неколку дена пред самитот меѓу Турција и Европската унија за кризата, закажан на 7-ми март.
Инаку Турција е под притисок да го намали напливот мигранти кон Европа. Исто така, земјата треба да добие и 3 милијарди евра како помош за справување со сириските бегалци.
За потсетување, Турција до сега примила скоро 2,7 милиони сиријци и уште 300 илјади ирачани коишто бегаат од конфликтните региони.
Марина Автовска
