Заштита на автохтоните раси добиток

24.01.2014 09:16

Годинава почнува примената на нови агроеколошки мерки. Со дополнителни финансии ќе се заштитуваат домашните автохтони раси на добиток.

Од 2014-та година почнува заштитата од намалување на автохтоните раси на домашниот добиток. Дополнителни субвенции ќе има за овците праменка, говедата буша и за овчарскиот пес шарпланинец. 
 
За добивање на државните пари, поголемите фарми ќе мора да исполнуваат одредени услови поврзани со заштита на животната средина.  
 
Задолжителна хемиска анализа на почвата, правилна употреба на ѓубривата и хемиските средства, и сертифициран семенски и саден материјал. 
 
Под одредени услови ќе се задолжуваат и Европските земјоделци. Примена на плодоред, одржување на тревните површини и отстапување  на 7 проценти од земјиштето за еколошки потреби. 
 
 
Методија Трајков