Субвенции за пристапни патишта до обработливи површини

07.03.2016 09:55

Објавен е јавен повик за субвенции за пристапни патишта до обработливите површини. Повикот трае до први април годинава, а корисници може да бидат локалните самоуправи.

На барање на земјоделците Платежната Агенцијата објави оглас со кој општините ќе можат да се пријавуваат за субвенционирање на изградба на пристапни патишта до обработливите површини.

Финансиската подршка изнесува 100 проценти од одобрените трошоци, а една општина може да поднесе најмногу 3 поединечни барања за различни мерки од Програма за рурален развој.

Максималната подршка за инвестиција е 1 милион денари со услов локалната самоуправа да не почне со нејзина реализација пред потпишување на договор со Агенцијата.

Крајниот рок за поднесување на документите е до 1-ви април 2016 година, а доколку има помалку средства од поднесените барања, предност ќе имаат оние кои први аплицирале.

 

Методија Трајков