АВСТРАЛИЈА
Престрелка во фабрика во Сиднеј
07.03.2016 09:58
Областа околу фабриката во која се случил инцидентот е блокирана и во тек е операција на терен во која учествуваат преговарачи.

Едно лице загина, додека две се повредени во престрелка во фабрика во западниот дел на Сиднеј.
Областа околу фабриката во која се случил инцидентот е блокирана и во тек е операција на терен во која учествуваат преговарачи.
Полицијата одбила да даде повеќе детали, поради што не е познато дали има заложници.
