Самит во Брисел: Се очекува одлкука за затворање на балканската рута

07.03.2016 10:04

Во писмо, упатено до членките на Унијата, претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск изразува „внимателен оптимизам“ дека на денешната средба на врвот, како и на самитот ЕУ-Турција, ќе бидат постигнати „позитивни резултати“.

Лидерите на ЕУ, на денешниот вонреден самит во Брисел, посветен на мигрантската криза, се очекува да донесат одлука за затворорање на рутата за бегалците долж Балканските земји, како дел од напорите за запирање на нивното препраќање од Грција кон централна Европа.

Во писмо, упатено до членките на Унијата, претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск изразува „внимателен оптимизам“ дека на денешната средба на врвот, како и на самитот ЕУ-Турција, ќе бидат постигнати „позитивни резултати“.

Според Туск, затворањето на балканската бегалска рута, нема целосно да го реши проблемот со мигрантите, па затоа е потребно да биде донесена одлука за помош на турција, со цел да го запре  бегалскиот бран кон Грција, но и да се согласи да прими назад дел од мигрантите, кои од нејзината територија се упатиле кон Европа, а немаат основа за добивање азил во ЕУ.

Туск најави дека Европскиот Совет би требало да донесе одлука за обезбедување на 700 милиони евра наменети за хуманитарни активности на Еврокомисијата, кои во најголем дел ќе бидат наменети како помош за Грција.

Преку балканската рута, лани во западните држави на ЕУ пристигнаа околу 880.000 бегалци, а од почетокот на годинава уште 128.000. Тоа резултираше со воведување времени контроли на границите на земјите во рамките на Шенген зоната, што го доведе во прашање нејзиното опстојување.