Германскиот пратеник Зарацин во посета на Македонија
Со официјални претставници на владата и на политичките партии ќе разговара за актуелната политичка состојба...

Пратеникот во германскиот Бундестаг и член во комисијата за Европа, Мануел Зарацин, денеска е во посета на Македонија, каде што со официјални претставници на владата и на политичките партии ќе разговара за актуелната политичка состојба.
Како што соопшти Амбасадата на Германија во земјава, Зарацин ќе биде примен од премиерот за спроведување на предвремените избори Емил Димитриев, вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими, министерот за надворешни работи Никола Попоски, претседателот на СДСМ Зоран Заев, како и од претставници на други политички партии во земјата.
Зарацин ќе има средби и со претставници од ОБСЕ и делегацијата на ЕУ во Скопје. Пратеникот во германскиот Бундестаг е член на Партијата на зелените.
