Платформа за заштита на Охридското Езеро
Денеска во Поградец, Албанија ќе одржи состанок во рамките на проектот на УНЕСКО за интегрална заштита на културното и природното богатство на регионот околу Охридското Езеро...

Прекуграничната платформа за заштита на регионот на Охридското Езеро, чија цел е да ја интензивира соработката меѓу централните и локалните власти на Македонија и Албанија, како и во секторите за туризам, урбано планирање, култура и животна средина, денеска во Поградец, Албанија ќе одржи состанок во рамките на проектот на УНЕСКО за интегрална заштита на културното и природното богатство на регионот околу Охридското Езеро.
На состанокот треба да се идентификуваат сите можности за мониторниг врз животната средина и биодиверзитетот, со што би се придонесло во заштитата и управувањето на светското наследство на Охридскиот регион.
