Собрание: Продолжува 92-рата пленарна седница

07.03.2016 10:16

Предлог- законот за изменување на Законот за Владата на Република Македонија, во прво читање и за информацијата за општите состојби во образованието во земјава, како и ефектите од екстерното тестирање во основното и во средното образование.

На продолжението на 92-рата пленарна седница Собранието ќе расправа за преостанатите две точки предложени од опозициските пратеници. Предлог- законот за изменување на Законот за Владата на Република Македонија, во прво читање и за информацијата за општите состојби во образованието во земјава, како и ефектите од екстерното тестирање во основното и во средното образование.

Претходно седници ќе одржат две собраниски комисии. Комисијата за одбрана и безбедност ќе го разгледа предлог- законот за изменување на законот за заштита и спасување, во второ читање, додека законодавно-правната комисија ќе расправа за измените на законот за заштита и спасување, во второ читање, како и барањето за автентично толкување на член од законот за административните службеници, поднесено од градоначалникот на Битола.