Робомак 2016: 7-ми меѓународен натпревар за роботика

07.03.2016 10:27

На натпреварот ќе учествуваат 65 натпреварувачи од земјава, и 15 од странство. „Робомак 2016“ вклучува низа работилници и предавања, на кои учесниците ќе се запознаат со роботиката и со најновите научни достигнувања...

На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) денеска ќе биде отворен седмиот меѓународен натпревар за роботика и вештачка интелигенција „Робомак  2016“, кој ќе трае до недела, 13-ти март.

На натпреварот  ќе учествуваат 65 натпреварувачи од земјава, и 15 од странство. „Робомак 2016“ вклучува низа работилници и предавања, на кои учесниците ќе се запознаат со роботиката и со најновите научни достигнувања.

Исто така, учесниците ќе го применат своето знаење врз вистински роботи, а своите решенија ќе ги претстават на финалниот натпревар, што ќе се одржи в сабота, на 12-ти март во Домот на АРМ!