Седмо издание на „Вечери на женските права“
Голем број активности ќе се организираат од денеска до 12-ти март по повод седмото издание на манифестацијата „Вечери на женските права“, чиј покровител е Градот Скопје...

Изложби, проекции на филмови и дебати, се дел од големиот број активности што ќе се организираат од денеска до 12-ти март по повод седмото издание на манифестацијата „Вечери на женските права“, чиј покровител е Градот Скопје.
Во изложбениот салон „Империјал 1“, во Културно-информативниот центар, вечер ќе биде отворена изложбата „Нераскажаните приказни на суперхероините 3“.
Утре ќе се одржат поголем број активности на повеќе локации. Во „Холидеј ин“ ќе се одржи Национална конференција за одбележување 10 години од донесувањето на Законот за еднакви можности на жените и мажите „Финансирање за родова еднаквост и агендата 2030“.
Во КИЦ ќе се промовира преводот на третиот том од едицијата „Историја на жените на западот- парадоксите на ренесансата и просветителството“ во издание на Филозофскиот факултет во Скопје.
Во Кинотека на Македонија, ќе биде прикажан филмот „Слободниот глас на Египет - Навал Ел Садави“, во режија на Констанзе Буркард, по што ќе се одржи дебата на тема „Зошто феминизмот има толку непријатели“.
