Концерт на МОБ по повод 8-ми Март

07.03.2016 10:37

За концертот е подготвена специјална програма, составена од популарни арии и наполитански канцони кои ќе бидат изведени од „кавалерите-солисти“ на Македонската опера и балет, соопшти МОБ.

Македонската опера и балет по повод 8-ми Март, утре организира концерт насловен „За дамата... гала-вечер со кавалерите на МОБ“.

За концертот е подготвена специјална програма, составена од популарни арии и наполитански канцони кои ќе бидат изведени од „кавалерите-солисти“ на Македонската опера и балет, соопшти МОБ.

Покрај оркестарот на МОБ, кој ќе го води диригентот Иван Еминовиќ, ќе настапи и машкиот хор со солистите Борис Трајанов и Марјан Јованоски (баритони), Зоран Сотиров и Марјан Николовски (тенори), Владимир Саздовски (бас) и „Трио џентлмени“.