Пожар во старечки дом во гратчето Ил Верт во близина на Квебек
Египет
Силна експлозија во близина на полициска станица во центарот на Каиро. Најмалку две лица загинаа, а над 40-мина се повредени, соопшти државната телевизија. Експлозијата се слушнала во повеќе дела на градот, и предизвикала густ чад. Екипи на првата помош се обидуваат да им помогнат на ранетите. Се уште никој не ја превзел одговорноста за нападот, а терористичкото движење Муслимаско братство за денеска најави протести по петочната молитва.
Ил Верт

Пожар во старечки дом во гратчето Ил Верт во близина на Квебек. Петмина загинале а триесет се водат за исчезнати, откако пламените јазици ја опожариле зградата во која имало околу педесетина лица. Се уште не се познати причините за пожарот. Во моментот на пожарот во домот престојувале околу педестина луѓе.
Мичиген
Едно лице загина а повеќемина се повредени во верижен судар на автопат во близина на Мичиген во Индијана. Во сообраќајката учествувале седум камиони и неколку патнички возила. Автопатот се уште е затворен, а до несреќата дошло поради обилните врнежи од снег и намалената видливост.