ХЕЦ „Шпилје“: За два месеца произведени над 51 милион киловат часови електрична енергија

07.03.2016 10:42

Тоа е резултат на поволната хидрологија во акумулацијата „Дебарско Езеро“ кое има резерви вода за производство на 32 милиона киловат часови, велат од ЕЛЕМ.

ХЕЦ „Шпилје“ кај Дебар, во првите два месеца од 2016-та, испорача над 51 милион киловат часови електрична енергија, што претставува 19 насто од вкупно планираното производство за годинава.

Тоа е резултат на поволната хидрологија во акумулацијата „Дебарско Езеро“ кое има резерви вода за производство на 32 милиона киловат часови, велат од ЕЛЕМ.

Дотекот на вода од реките Радика и Црн Дрим, во акумулацијата „Дебарско Езеро“ изнесува 62 кубни метри во секунда.

„Шпилје“ лани произведе 314 милиони киловат часови електрична енергија.