Виена: 20 тони помош за мигрантите во Грција

07.03.2016 10:44

Пратката, како што се наведува во соопштението, ќе содржи кревети, хигиенски сетови и ќе биде испратена со три шлепери.

На почетокот на неделата Aвстрија ќе испрати 20 тони помош за Грција, со цел полесно да се избори со мигрантската криза, најави австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл Лајтнер.

Пратката, како што се наведува во соопштението, ќе содржи кревети, хигиенски сетови и ќе биде испратена со три шлепери.

Австрија, со приемот на 90 илјади баратели на азил минатата година даде голем хуманитарен придонес во надминувањето на мигрантската криза.

Знаеме што значи притисок, и затоа сакаме да ги поддржиме сите партнерски земји, кои се под притисок, порача Микл Лајтнер, изразувајќи надеж дека овој пример ќе го следат и другите земји членки на Унијата.