Десет најдобри намирници за деца
07.03.2016 11:16
Листа на десет супер нармици за бебиња и деца...

Следува листа на десет супер нармици за бебиња и деца.
1. Банани - Тие се одличен извор на енергија
2. Кељ - Тој е богат со железо и основни антиоксиданти, хранливи состојки кои се природна заштита од рак.
3. Морков - Тој е важен за растот, здравата кожа и заби. Свежиот морков има двојно поголема количина на витамини од варениот.
4. Риба - Рибата претставува важен извор на есенцијални омега 3 масла.
5. Млеко - Млекото содржи хранливи состојки кои им се потребни на бебињата за да растат. Децата и по првиот роденден треба да испијат најмалку 4,5 децилитри млеко дневно или еквивалент во млечните производи.
6. Сирење - Одличен избор за силни и здрави коски и заби. Ако се изеде по оброкот, тоа ја неутрализира киселината која предизвикува кариес.
7. Леб и житни култури (зрна) - Тие поседуваат висока содржина на влакнести материи и сложени јаглено-хидрати. Секогаш избирајте леб и пециво од интегрално брашно.
8. Јајца - Тие се богати со протеини, витамини и железо.
9. Месо - Помалку масното црвено месо е едно од најдобрите извори на железо. Исто така ова месо е богато со протеини и цинк - основни материи за раст, за процесот на оздравување, за зацелување на рани и за силен имунолошки систем.
10. Киви - Тие содржат двојно поголема количина витамин Ц од портокалите. Исто така тие се добар извор на калиум, билни влакна, витамини од Б групата, витамин Е и минерали. Се препорачува исклучиво по првиот роденден на бебето.
