МВР: За 24 часа издадени 375 потврди за азил
Според државјанството, потврди се издадени на 334 државјанин на Сирија и 41 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан.

Во изминатите 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 375 странски државјани, од кои 115 од машки и 91 од женски пол, како и на 168 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и уште едно дете кои патува без придружба на родител, соопшти МВР.
Според државјанството, потврди се издадени на 334 државјанин на Сирија и 41 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан.
Од почетокот на годинава, издадени се потврди на вкупно 89.491 странски државјани, од кои 35.347 се од машки пол, 19.584 се од женски и 34.334 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 226 деца кои патуваат без родител. Најбројни се државјаните на Сирија-44.611, Авганистан-26.546 и Ирак-18.331.
Во истиот период до Секторот за азил, барање за признавање на право на азил поднеле 29 лицa (22 од Сирија и седум од Авганистан) врз основа на претходно издадена потврда.
