Мирна, но тензична ноќ во Киев
24.01.2014 10:09
Мирна но, напната атмосфера на плоштадот на независноста во Киев по втората фаза од ...

Мирна но, напната атмосфера на плоштадот на независноста во Киев по втората фаза од разговорите кои траеја четири часа, но не донесоа никакви резултати.
Демонстрантите и полицијата ја поминаа ноќта позиционирани едни наспроти други, но вечерта мина без судири. Едните поставуваа нови барикади, а другите не реагираа.
Oпозицискиот лидер Кличко повика на генерален штрајк, и соопшти дека разговорите немаат цел. Соопшти дека претседателот Јанукович не направил никакви отстапки.
„Неколку часа разговори потрошени за ништо, не треба да се седнува на преговарачка маса со оној кој веќе одлучил да те измами. Не сакам да има крвопролевање, жалам за жртвите, но се плашам дека ова нема да застане тука, изјави опозицискиот лидер Виталиј Кличко.
„Нема враќање назад, мора да ја продолжиме борбата“, изјави Арсениј Јацењук опозиционер.
Опозицискиот политичар Олех Тјањбок кој учествуваше во преговорите побара од демонстрантите неколкудневно примирје, откако Јанукович дозволил ослободување на неколкумина демонстранти и се согласил да нема понатамошни апсења.
Европската унија е загрижена за ескалацијата на состојбата. Високата претставничка на ЕУ најави посета на Киев следната недела, додека САД размислуваат за санкции. Тензијата почна откако Киев ги стопираше преговорите со Брисел и се сврте кон Москва.
Марија Петковска
