Одложена посетата на Зарацин, специјалниот претставник на СЕ Бочек во посета на јужната граница

07.03.2016 12:06

Специјалниот претставник на Генералниот секретар на Советот на Европа за миграција и бегалци, Томаш Бочек од денеска до 11 март ќе престојува во Грција и во Македонија каде што ќе ги посети местата на граничната линија каде што најчесто минуваат мигрантите и прифатните центри.

Одложена е најавената посета на пратеникот во германскиот Бундестаг и член во Комисијата за Европа, Мануел Зарацин, на Македонија. Причина според Амбасадата на Германија биле неповолните временски услови на аеродромот „Александар Велики“.

Специјалниот претставник на Генералниот секретар на Советот на Европа за миграција и бегалци, Томаш Бочек од денеска до 11 март ќе престојува во Грција и во Македонија каде што ќе ги посети местата на граничната линија каде што најчесто минуваат мигрантите и прифатните центри.

Бочек особено внимание ќе посвети на прашањата посветени на барателите на азил и на децата мигранти, најави прес службата на Советот на Европа.