„Вардарски пастуви“ премиерно во Театар Комедија
„Вардарските пастуви“ се маалски фаци, навивачи на фудбалскиот клуб „Вардар“ кои во момент на генерална животна мисдирекција решаваат дека парите кои ќе ги заработат соблекувајќи се пред жени, ќе им ги решат сите проблеми.

Скопска маалска банда без команда, која во момент на невидена досада и животна апатија добива генијална идеја за брза заработувачка и лесен живот. Ќе станат машки стриптизери. Раскажува режисерот на новата претстава „Вардарски пастуви“ која премиерно ќе биде изведена во Театар Комедија на Денот на жената.
Синиша Ефтимов повторно режира за овој театар, после успехот на преставата „Стјуардеси“ - една од најпосетените претстави.
„Вардарските пастуви“ се маалски фаци, навивачи на фудбалскиот клуб „Вардар“ кои во момент на генерална животна мисдирекција решаваат дека парите кои ќе ги заработат соблекувајќи се пред жени, ќе им ги решат сите проблеми.
За Денот на театарот, 27-ми март, најмладиот театар кај нас, прославува роденден со нова премиера.
Во април во Театар Комедија ќе се подготвува претставата „Трудна приказна“ по текст на Благица Секуловска.
Александра Перевска
