Поплави во Србија, евакуирани 420 лица
Србија зафатена од поплави. Вонредна состојба во Чачак, Ариље, Топола, Пожега, Бајна Башта и Лучани. Евакуирани 420 лица. Активирани се војската и жандармеријата...

Непрекинат 16-часовен дожд предизвика поплави во западна Србија. Повторно повеќе реки се излија и се огласија сирените.Министерството за внатрешни работи соопшти дека е прогласена вонредна состојба во општините-Чачак, Ариље, Пожега, Бајна Башта,Топола и Лучани. Активирана е војската и жандармеријата.Под вода се повеќе сообраќајници, домаќинства, фабрики и училишта. Реките се во раст и во Ужичкиот регион. Во Бајна Башта има свлечиште на земјиштето.Особено е тешка состојбата во Чачак, кај Прељина каде р.Чемерница ги проби насипите и поплави 500 куќи. Од Чачак, како и од Горни Милановац и Прибој евакусани се 420 лица, а во тек е евакуација и во Лучани. Над сто куќи се поплавени во општина Пожега, а загрозен е и Нови Пазар. Водата и натаму расте, па во погодените областите се подигаат насипи.
„Во текот на вчерашниот ден и ноќеска на ова подрачје има паднато 70 до 80 литри вода на кв. метар, иако имаше најава дека ќе наврнат 30-50 литри. Ова е повеќе вода од мај 2014 години за време на големите полави“, изјави Горан Пузовиќ- Директор на Србија вода.
Добра вест е што во погодените области дождот престана да паѓа, а од републичкиот Хидрометеоролошки завод предупредуваат дека денеска обилни врнежи се очекуваат во југозападна и централна Србија. Се очекува во вторник нивото на реките Дунав и Сава да ја надминат границита на редовна одбрана од поплави, па во Белград кај Небојшината кула под Калемегдан, во Младеновац и во Шабац- е прогласена вонредна одбрана од поплави.
Оливер Бранковиќ, постојан дописник од Белград за МРТ
