Металургијата се соочува со проблеми, бара помош од државата

07.03.2016 15:23

Состојбата во индустријата на метали е тешка, велат од Здружението на металургија. Ниската цена на металите не овозможува компаниите да работат рентабилно, и создаваат загуби. Бараат помош од државата за намалување на трошоците или олеснувања околу давачките...

Индустријата на метали е во тешка состојба- велат од Здружението на металургија.  Сметаат дека ниската цена на светските берзи не овозможува компаниите да работат рентабилно, се трупале загуби. Од Стопанската комора бараат  конкретна системска подршка од државата, велат челикот е основа во повеќето индустрии.   

„Бараме помош да ги надминеме овие кризни состојби, бидејќи кога ќе работиме во нормални услови не можеме на никого да ги адресираме нашите специфични пробелми. Потребни се редица ослободувања, дури и времено ослободување од ДДВ, одредени толеранции за одредени регулативи и обрврски...“, изјави претседателот на Здружението за металургија, Митко Кочовски.

Компаниите во земјава работат со намален капацитет, па се советува во овој период да се следат некои европски искуства за зголемена поддршка од банките и од државата за да се одржи производствениот процес.

„Индија е четврти светски производител на челик, но и таму државата дава поддшка. Тие сега откупуваат рудници на 40 години, самите компании не можат да го прават тоа, но државата стои зад нив“, изјави Свето Цветковски.

Од  секторот велат дека се соочуваат и со недостиг на квалификуван и стручен кадар, кој во исто време е тешко да се задржи.

 

Дијана Ценевска