Работниците позаштитетни со новиот Закон за безбедност и здравје при работа

07.03.2016 15:53

За трипати е зголемена заштитата на работникот со новите, дополнителни одредби во Законот за безбедност и здравје при работа. За една година од неговата примена се видливи резултатите...

За една година е зголемена заштитата на работниците на работното место и драстично е намален бројот на  поредите  со измените и дополнувањата во Законот за безбедност и здравје при работа, констатира Сојузот на синдикатите на Македонија. Подобрениот Зконот ја зголеми улогата на синдикатот да го заштити работникот и неговото здравје и порешително да решава. Синдикатот тргнаво обука и едукација низ Македонија.

„За трипати помалку се евидентирани повреди за разлика од претходните години. Ако имавме по години некаде по 400, по 500, по 600 повреди, последната анализа што беше направена имаше 243 повреди и само 4 смртни случаи. За разлика од порано, каде што имавме дурии и до 44 смртни случаи. Значи драстична разлика со воведувањето на овие новини во законот за безбедност и здравје при работа“, вели Живко Митревски, претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија.

Сетот законски мерки за прв пат донесе поголема контрола на заштитата на работното место, контролни мерки на синдикатот, соработка со работодавецот и за прв паат дополнителна обука за младите вработени, трудниците и студентите.

Во прилепскиот регион нема драстични повреди на работно место. Поволните законски одредби најефикасни се во претпријатијата каде има синдикално организирање.

„Преку синдикалното организирање моќат, не само да ги остварат своите права, туку и да го заштитат и своето здравје при работа, да учествуваат во донесувањето на мерките за безбедност и здравје при работа и во имплементација на тие мерки“, изјави Лазо Ангелески, претседател на прилепскиот регионален синдикален совет.

Годинава Сојузот на синдикатите активно ќе ги спроведува подобрените законски одредби кај вработените во индустриските зони.

 

Елизабета Митреска