Се подобрува патната инфраструктура во источниот регион

07.03.2016 16:38

Подбрување на патната инфраструктура – едно од главните барања на жителите од источниот регион. Дел од делниците се реконструираат, за други се чека изведувач...

Рехабилитицијата на регионалниот пат Делчево- Голак се очекува да заврши до крајот на годинава, најави министерот за транспорт и врски, Владо Мисајлоски. Распишан е и тендерот за делницата Кочани- Делчево.

„Работите треба да почнат следниот месец и да траат 24 месеци. Биле предвидени 10 милиони евра, но имало многу пријавени компании и тендерот бил 6 милиони евра. Остатокот, заштедата од 4 милиони евра ќе биде искористен за нешто друго“, изјави министерот Мисајловски.

За време на посетата на источниот регион, соопштени се плановите за инвестирање во подобрување на условите за скијачки центар. Годинава прво на списокот е Берово, а  потоа Болак.

„Кога ќе се направи патот, ќе има интерес и за скијачкиот центар. На МЕПСО веќе им се дадени инструкции од Владата да направат проект, но прво ќе инвестираат околу 3 милиони евра во Берово, а потоа околу 3 до 3,5 милиони евра во скијачкиот центар Голак,  овој пат ќе има и туристичко значење“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Реконструкција на улици и изградба на канализациони мрежи остануваат главни барања на жителите на Делчево.

 

Наташа Гркова- Петрушевска