По 35 години- нов воз на Битолската железница

07.03.2016 17:04

Првиот набавен кинески дизел модерен воз денеска го направи промотивното обраќање на линијата Скопје- Битола. Од почетокот на идната недела како деловен воз ќе започне редовно да се обраќа од Битола до Скопје. Со супер модерниот опремен воз, граѓаните ќе добијат конфорни услови за патување, а до метрополата ќе се стигнува половина час побрзо. Цената на билетите останува иста...

По 35 години конечно пристигна нов воз на Битолската Железничка станица.Тоа е првиот набавен модерен кинески дизел воз што денеска патуваше од Скопје до Битола. Атракција за љубопитните очи на посетителите, но и своевидно доживување за машиновозачот Пецо Божиновски кој на залезот од својата машиновозачка кариера дочека да управува модерен воз.

„Чувствата се прекрасни. Нема споредба патувањето е побрзо и полесно, а безбедноста ќе биде на повисоко ниво“, вели машиновозашот Пецо Божиновски.

Во текот на неделата продолжуваат промотивните тури, а од идниот понеделник се очекува како деловен воз да започни редовно да се обрќа на линијата Битола -Скопје. Капацитетот е 200 патници за седење и уште 100 за стоење, а максималната брзина 120 километри на час. Жителите на Пелагонискиот регион ќе можат да го почувствуват конфорот што го нуди оваа композиција, а патувањето до Скопје да им биде пократко за половина час. Од Македонски железници велат цената останува иста.

„Немаме намера да ја покачуваме цената на билетот, а и сега согласно со политиките на Владата, модерниот воз во пропишаните интервали бесплатно ќе можат да го користат студентите, пензионерите и други категории за кои е донесена ваква одлука“, вели генералниот директор на Македонски железници- Транспорт, Никола Костов.

Во следниве месеци треба да започне и реконструкцијата на железничката станица, а со обновувањето на железничката инфраструктура на децениски запоставена пруга кон Грција, не е далеку денот кога на овие наши современи возови ќе се возат и грчките патници.

 

Стевче Митревски