ФБИ предупредува на нови сајбер напади
Федералното истражно биро на САД (ФБИ) ги предупреди американските трговци...

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) ги предупреди американските трговци на нови сајбер напади, откако беа откриени нови 20 случаи на хакерски напади и крадење на податоци од кредитините картички изминатата година, во еден од најголемите ланци на малопродажни маркети во земјата, „Таргет“, за време на празничната сезона.
„Ројтерс“ објави дека ФБИ минатата недела преку таен извештај ги извести компаниите кои се занимаваат со малопродажба дека постојат големи ризици за малициозни софтверски напади кои ги инфектираат ПОС системите, касите и АТМ машините во нивните маркети.
„Сметаме дека овие малициозни софтверски напади ќе продолжат да растат и покрај законските мерки и активностите на компаниите за ИТ заштита“, стои во извештајот на ФБИ.
Портпаролот на ФБИ за „Ројтерс“ соопшто дека бирото го доставило тој извештај со цел да го информира и заштити приватниот сектор.
