Промовирана евровизиската песна „Дона“

07.03.2016 22:06

Песната „Дона“ ќе биде изведена на македонски јазик. Изборот за Песна на Евровизија годинава ќе се одржи на 10-ти, 12-ти и 14-ти мај во арената „Глоб“ во Стокхолм, а Калиопи ќе настапи во второто евровизиско полуфинале...

Македонската Радио Телевизија во специјално евровизиско шоу ја промовираше официјалната евровизиска песна со наслов „Дона“, со која што Калиопи ќе ја претстави Македонија на 61-то издание на Изборот за песна на Евровизија во Стокхолм, Шведска.

Автор на музиката и аранжманот на евровизиската песна „Дона“ е композиторот Ромео Грил, кој воедно е и продуцент на истата, а текстот на песната го напиша Калиопи.

Песната „Дона“ ќе биде изведена на македонски јазик. Изборот за Песна на Евровизија годинава ќе се одржи на 10-ти, 12-ти и 14-ти мај во арената „Глоб“ во Стокхолм, а Калиопи ќе настапи во второто евровизиско полуфинале.

Точниот редослед на настап на секоја од земјите учеснички ќе биде утврден по завршувањето на средбата на шефови на делегации, закажана за 14-ти март.